Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Еден милион вакцинирани спасуваат 777 животи: Хрватски епидемиолог математички го објаснува ефектот на имунизацијата

Еден милион вакцинирани спасуваат 777 животи: Хрватски епидемиолог математички го објаснува ефектот на имунизацијата
300x250 opst2

Епидемиологот на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), Бернард Каиќ, пресметал како кај вакцинираните може да се спречи инфекцијата со коронавирус, па дури и смртта.

Според пресметката на Каиќ, со вакцинирање на еден милион луѓе со две дози на вакцина во епидемиолошката состојба што ја има Хрватска во последните пет месеци, спречени се 27.192 случаи на заболување и 777 смртни случаи.

Во исто време, со толку голем број на спречени болести и смртни случаи, се очекува да се разболат 4.798 лица меѓу вакцинираните, а 16 лица ќе умрат од болеста.

„ Значи, по вакцинирање на еден милион луѓе со две дози, со фреквенцијата на болеста што ја имавме во последните пет месеци, се очекува да умрат 16 вакцинирани лица, а во исто време да се спречи смрт кај 777 лица“ вели Каиќ.

Според него, епидемиолошката состојба во последните пет месеци, од 1 февруари до 7 јули, во Хрватска била со 127.963 пациенти и 3.170 смртни случаи од вирусот корона.

Според Каиќ, тоа значи дека 31.990 луѓе се разболеле во тој период, а 793 умреле на еден милион жители.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас