Утрински Весник
Македонија

Еден лекар од штипската Брза помош позитивен на КОВИД-19

Еден лекар од штипската Брза помош позитивен на КОВИД-19
Dik 300x250 mk

Штип, 18 јуни 2020 (МИА) – Еден лекар од Брзата помош во Штип е позитивен на коронавирусот.  Директорката на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ – Штип, Снежана Трајковска на денешната прес-конференција истакна дека резултатите од тестирањето ги добиле утринава, а веднаш во самоизолација се ставени уште шестмина здравствени работници од Итната медицинска служба.

-Сите контакти се дадени на епидемиолозите и се контактираат, а по предлог на епидемиолошката служба сите контакти со висок ризик ќе бидат ставени во домашна изолација и под здравствен надзор. Утрово го добивме резултатот на колегата, а инаку од недела не е на работа, ниту тој, ниту колегите кои биле со него, вели Трајковска.

Таа забележува дека епидемиолозите прават анкета и треба да утврдат како се заразил лекарот од Итната медицинска помош, инаку целиот персонал работи по сите здравствени протоколи и со заштитна опрема. Нема да имаат проблем со работата, бидејќи имаат вкупно осум тима во Брзата помош во Штип. вдј/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово