Утрински Весник
Свет

Еден загинат, неколку повредени во две експлозии, во Дубаи и во Абу Даби

Еден загинат, неколку повредени во две експлозии, во Дубаи и во Абу Даби

Еден човек загина, а голем број луѓе се повредени во ОАЕ по двете експлозии на гас што се случија во ресторан во Дубаи и експлозијата на гас што се случи на улицата „Шеик Рашид бин Саид“ во главниот град Абу Даби, пренесува „Нејшнел“.

Едно лице загина во експлозија на плинска боца што се случи во ресторанот ОАЕ во Дубаи во раните утрински часови во понеделникот. Инцидентот се случил во 4 часот и 31 минути по локално време во четирикатна зграда во областа „Интернешнл сити“, се наведува во статијата.

Весникот објави дека пожарникарите и спасувачките екипи веднаш стигнале на местото на инцидентот и ги евакуирале жителите. Пожарот е изгаснат во рок од 33 минути, а полицијата започна истрага за случајот.

Експлозијата предизвика значителна штета на приземјето на зградата, вели портпаролот на цивилната одбрана во Дубаи.

Претходно истиот ден, државната новинска агенција ВАМ објави за уште една експлозија на гас што се случи на улицата „Шеик Рашид бин Саид“ во главниот град на ОАЕ, Абу Даби, каде што се повредени голем број луѓе.

Тимови за брза интервенција од Дирекцијата за итни случаи и јавна безбедност биле брзо испратени на местото на инцидентот. Повредените биле пренесени во болница на лекување. Според медиумите во ОАЕ, тимовите за итни случаи ги евакуирале жителите од областа.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните

Турција го блокира „Инстаграм” – 24info.mk