Утрински Весник
Магазин

Еда Ахмети: Младите треба да пробаат скијање барем еднаш

Еда Ахмети: Младите треба да пробаат скијање барем еднаш

Скијањето е еден од најатрактивните спортови во текот на зимската сезона. Во интервју за Порталб.мк, Еда Ахмети од Тетово, ни раскажува за нејзината љубов кон зимските спортови, кои може да изгледаат и опасни.

Ахмети студира архитектура, но нејзината најголема страст се скијањето и бордингот. Таа почнала да скија уште на 4-годишна возраст, а во последно време и борда. Бидејќи Еда е од Тетово, од отворањето на зимската сезона, секој викенд е на Попова Шапка, каде што целосно ужива во природата.

„Според мене, скијањето е еден од најдобрите спортови за физичко и психичко релаксирање. Нема начин да се објасни чувството на моментот кога се качувам на места кои се надвор од средениот терен. Замислете си за момент дека сте сосема сами и единствено што гледате е белата боја на чистиот снег, и единственото нешто што можете да го слушнете е звукот на ветерот што дува и звукот на снегот под притисок на скиите,“ вели Еда.

Таа им порачува на младите дека доволен е свежиот воздух на Шар Планина или каде и да одат на скијање.

„Можеби не секој ќе се чувствува исто како што чувствувам јас кога сум на терен, но би им предложил на младите да го пробаат барем еднаш. Доволно е да ја почувствуваат убавината на скијањето,“ заклучи Еда Ахмети.

Во овој период на пандемија, сите се обидуваме да ги избегнеме затворените простории, па оттука најубавото нешто што можеме да си понудиме себеси е скијачка авантура.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста