Утрински Весник
Спорт

Европското за жени одложено за 2022 година

Европското за жени одложено за 2022 година

Нион, 23 април 2020 (МИА) – Европското првенство во фудбал за жени е одложено за 2022 година поради пандемијата од коронавирус, објави УЕФА.

Европското првично требаше да се одржи од 11 јули до 1 август 2021 година во Англија. Според новите датуми, Европското првенство за жени ќе се одржи од 6 до 31 јули 2022 година, а финалето на турнирот ќе се одржи на стадионот „Вембли“.

– Ние внимателно ги разгледавме сите опции. Во првите редови е нашата мисија да го промовираме женскиот фудбал. Со преселбата на Европското првенство за жени до 2022 година, гарантираме дека нашето главно женско натпреварување ќе биде единствениот голем фудбалски турнир во текот на летото и ќе му го посветиме вниманието што го заслужува, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Поради пандемијата, УЕФА веќе го одложи Европското првенство во фудбал за мажи од летото 2020 година за периодот 11 јуни – 11 јули 2021 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра