Европските Зелени даваат силна поддршка на сестринската партија ДОМ и нејзините зелени политики за претстојните парламентарни избори, објавија од партијата Демократска обнова на Македонија.
„Во пресрет на изборите, копретседателите на Европските Зелени, Евелин Хојтебрук и Томас Вајтц се обратија до македонските граѓани. Европратеникот Вајтц истакна дека Европските зелени се залагаат нашата земја што побргу да ги започне пристапните преговори со ЕУ“, се наведува во партиското соопштение.
“Северна Македонија што побрзо да почне преговори со ЕУ” – Томас Вајтц, ко-претседавач на Европските Зелени и европратеник
“Северна Македонија што побрзо да почне преговори со ЕУ” – Томас Вајтц, ко-претседавач на Европските Зелени и европратеник
Posted by ДОМ on Среда, 17 јуни 2020
Во него се додава дека Европските Зелени ја ценат посветеноста на ДОМ во борбата за заштита на животната средина и климата, за социјална правда и еднакви можности за сите.
Evelyne Huytebroeck, копретседателка на Европските Зелени со силна поддршка кон ДОМ на претстојните избори!
☘ Секогаш ни е драго кога нашите пријатели од Европското Зелено семејство ја препознаваат нашата борба за #ЗеленаИднина!Evelyne Huytebroeck, копретседателка на Европските Зелени со силна поддршка кон ДОМ на претстојните избори!_______#иднинатаезеленаГласај за ДОМ дел од коалицијата #Можеме!Заокружи број 3!
Posted by ДОМ on Среда, 08 јули 2020
„Тие ќе продолжат силно да го поддржуваат ДОМ и Македонија во спроведувањето на зелените политики, како премин од јаглен кон обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, борба со загадувањето. Или како што во својата порака, на македонски јазик истакнува Хојтебрук – ‘Иднината е зелена’“, нагласуваат од партијата.