Утрински Весник
Свет

Европските влади ја критикуваат Турција поради Аја Софија

Европските влади ја критикуваат Турција поради Аја Софија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ја критикуваа Турција поради неколку причини, вклучително и дупчењето за гас во спорните медитерански води и промената на статусот на Аја Софија од музеј во џамија, пренесува „Екатимерини“.

На нивната прва средба лице в лице по повеќе месеци, министрите планираат да заземат поцврст став за Анкара, иако не се очекувааат итни мерки, пишува грчкиот весник.

„Кога ќе видам што се случува со Аја Софија, тоа е удар“, рече министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

Шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеф Борел, минатата недела беше во Турција каде што разговараше и за споровите на Анкара со Грција и со Кипар за истражувањата во Источниот Медитерански Регион.

Турција испрати бродови придружувани од воен брод да дупчат за гас во област над која Кипар тврди дека има ексклузивни права. Турската влада соопшти дека дејствува за да ги заштити своите интереси и оние на кипарските Турци во природните ресурси во областа.

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, рече дека активностите во Средоземното Море се причина за загриженост за блокот, посочи дека на редовната месечна средба ќе бидат разгледани и прашањата за човековите права и демократијата.

Борел рече дека односите не се „толку добри“ во моментот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година