Утрински Весник
Спорт

Европскиот ракометен шампион го менува името

Европскиот ракометен шампион го менува името

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Ракометниот европски шампион Вардар ќе го промени своето име и од 1 јуни ќе се вика Вардар 1961, соопшти новиот сопственик Михајло Михајловски за „Телма“ ТВ.

– Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, ќе пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961. Целта на идното раководство е да се изгради екипа која ќе има за цел четвртфинале на Лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и двојна круна на домашна сцена. Голманското трио ќе го сочинуваат Кизиќ, Ристовски и Кантегрел. Потпишавме со Јагуриновски, а наскоро ќе знаеме и повеќе детали околу останатите засилувања, изјави Михајловски.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство