Утрински Весник
Свет

Европска Унија постигна договор сo „Астразенека“: купува 300 милиони дози вакцина против „Ковид-19“

Европска Унија постигна договор сo „Астразенека“: купува 300 милиони дози вакцина против „Ковид-19“

Европската комисија денеска соопшти дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за набавка на најмалку 300 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против „Ковид-19“.

Извршното тело на ЕУ, кое преговара во име на 27. членки на блокот, рече дека договорот вклучува опција за купување дополнителни 100 милиони дози, доколку вакцината се потврди дека е безбедна и ефикасна.

Претходно, американската компанија „Новавакс“ објави дека Велика Британија ќе купи 60 милиони дози од потенцијалната вакцина против „Ковид-19“ од неа.

Компанијата и британската влада ќе соработуваат во третата фаза од клиничкото испитување со цел да се процени ефикасноста на вакцината кај британското население, се наведува во соопштението.

Не се објавени финансиски детали за договорот.

Ќе биде објавена студија за околу 9000 лица на возраст од 18 до 85 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел