Утрински Весник
Свет

Европска комисија: Сертификатот за вакцинација сè уште не е документ за влез на странци во ЕУ

Европска комисија: Сертификатот за вакцинација сè уште не е документ за влез на странци во ЕУ
Dik 300x250 mk

Европската комисија ги повика земјите членки да продолжат да се придржуваат кон препораките за ограничувања на неважните патувања во ЕУ, кога станува збор за државјани на трети земји.

ЕК нагласи дека разгледувањето на сертификатите за вакцинација, како услов за влез на странци во ЕУ, сè уште не стапило на сила.

„Работиме на тоа да ги направиме дигиталните сертификати компатибилни со системите на земјите што не се членки на ЕУ, но во моментов треба да останат ограничувањата на несуштинските патувања од трети земји во ЕУ“, рече портпаролот на Комисијата, Кристијан Виганд.

Комисијата на тој начин одговори на најавите дека Грција планира да ги отвори своите граници за граѓаните на Израел врз основа на потврди за вакцинација.

„Знаеме дека постојат различни иницијативи на земјите членки да се подготват за воведување дигитални сертификати пред летната сезона, но тоа треба да се координира, со цел да се избегнат поделби и забуни меѓу патниците во ЕУ“, рече Виганд, пренесува Танјуг.

Во Европската комисија забележуваат дека разговарале со официјални претставници на шест земји во рамките на ЕУ, кои вовеле дополнителни ограничувања на нивните граници како мерка за спречување на ширењето на пандемијата.

„Комесарот Дидие Рејндерс разговараше со белгискиот министер за надворешни работи и ја повтори загриженоста кога станува збор за пропорционалноста на мерките применети од белгиските власти. „Не сметаме дека забраната за патување ја следи идејата за пропорционалност и нашето барање е Белгија да ги замени овие ограничувања со насочени мерки“, рече Виганд.

Европската комисија забележува дека целта е да се најде заедничко решение меѓу земјите членки, кое ќе ги задржи слободата на движење и функционалноста на единствениот пазар во овие услови.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп