Утрински Весник
Свет

Европската комисија почна постапка против Кипар и Малта за „златните пасоши“

Европската комисија почна постапка против Кипар и Малта за „златните пасоши“
Dik 300x250 mk

Европската комисија поведе прекршочна постапка против Кипар и Малта поради практиката на доделување државјанство на странски инвеститори, т.н. „златен пасош“.

Комисијата смета дека доделувањето на државјанството на овие земји членки, а со тоа и на државјанството на ЕУ, во замена за предодредено плаќање или инвестиција и без вистинска врска со засегнатите земји членки, не е компатибилно со принципите на Договорот за ЕУ.

Брисел проценува дека ваквото однесување исто така го нарушува интегритетот на статусот на државјанство на ЕУ, предвиден во член 20 од Договорот за функционирање на Европската Унија.

Владите на Кипар и Малта имаат рок од два месеца да одговорат на официјалното известување на Комисијата за започнување на постапката, испратено во писмена форма.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици

Тенерифе погодено од џиновски бранови: Три лица загинаа, 15 се повредени