Утрински Весник
Свет

Европската комисија обезбедува 200 милиони евра за украинските бегалци и раселените лица

На меѓународната донаторска конференција во Варшава Европската комисија објави пакет помош од 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица.

„Денес се собравме со јасна цел: да го поддржиме храбриот украински народ, кој се бори против агресорите и за својата слобода“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Таа вети 200 милиони евра помош во име на Комисијата.

Минатиот месец, на донаторската конференција за Украинците внатре и надвор од земјата, ветената помош достигна 9,1 милијарди евра.

„Знаеме дека ќе биде потребно повеќе и ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина“, додаде таа.

Околу осум милиони луѓе, од кои две третини се деца, се раселија во Украина од почетокот на војната, а повеќе од 5,3 милиони Украинци најдоа засолниште во ЕУ и соседните земји.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро