Утрински Весник
Свет

Европската агенција ги предупредува авиокомпаниите на опасности поради војната во Украина

Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) ги предупреди авиокомпаниите на зголемен ризик поради војната во Украина.

Во соопштение за јавноста, европскиот регулатор посочува дека цивилните авиони може да бидат нападнати по грешка, а авиокомпаниите би можеле да бидат цел на кибер-напади додека Украина е во војна.

„Како што видовме во претходните судири, погрешната идентификација е лесно возможна во збунувачки услови на војна“, порача ЕАSА.

За потсетување, во 2014 година патнички авион на „Малезија ерлајнс“ се урна над источна Украина, каде беснееја конфликти, откако беше погоден со проектил од типот „Бук“, произведен во Русија.

„Ако на тоа ја додадеме веројатноста за напади врз електронски уреди кои помагаат во навигација или идентификација на авиони, лесно е да се види како некој патнички авион може да биде погоден од проектил или радарски водени оружја“, велат од ЕАSА.

Регулаторот објави и дека постојат потенцијални ризици поврзани со цивилните аеродроми преку кои се водат воени операции.

Можете да прочитате

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

Фидан: Поддршката за „геноциден Израел“ не е во ничија корист