Утрински Весник
Македонија

Европратеникот Ќучик: За историјата нема лесен разговор, треба да се гледа во иднината

Европратеникот Ќучик: За историјата нема лесен разговор, треба да се гледа во иднината

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Илхан Ќучик, во врска со спорот со Бугарија вели дека не постои лесен разговор за историјата, но треба да се гледа во иднината.

„Стратешки интерес на Бугарија е Македонија да биде дел на Европската Унија“, рече Ќучик.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека и покрај разочарувањето во земјата, со несмалено темпо се одвива дијалогот со Бугарија.

„Македонија испорача на сите полиња и заслужува напредок“, смета Османи.

Тој ја појасни неговата изјава дека досега земјава била преемоционална во дебатата за спорот со Бугарија, велејќи дека во иднина преговорите нема да бидат под влијание на дневната политика.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДУИ предлага ваучер од 3.000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење

 Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

Тешко повреден пешак во Куманово