Утрински Весник
Спорт

Евролига: Познати се сите учесници во плејофот

Евролига: Познати се сите учесници во плејофот

По комплетирањето на 33.коло во кошаркарската Евролига, познати се осумте екипи кои ќе играат во плејофот. Допарва ќе бидат решени позициите на табелата.

Во разигрувањето за титулата влегуваат Барселона, Олимпијакос, Реал, Армани, Анадолу Ефес, Макаби, Монако и Баерн.

Конечниот пласман ќе биде познат откако тимовите ќе ги одиграат одложените натпревари.

Покрај последното коло по еден натпревар ќе одиграат Барселона, Реал, Армани и Монако, два натпревари помалку имаат Ефес и Макаби, а Баерн треба да одигра уште три натпревари.

> Евролига: Познати се сите учесници во плејофот <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал