Утрински Весник
Свет

Еврокомесарот Оливер Вархеи негативен на коронавирус

Еврокомесарот Вархеји денеска во Скопје

Комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеи, доби уште еден негативен тест за Ковид-19 и излезе од карантин, во кој се наоѓа откако се врати од посетата на Западен Балкан.

„Веќе не сум во самоизолација и продолжувам со своите активности почитувајќи ги здравствените упатства. Останете безбедни“, објави Вархеи на „Твитер“.

Тој беше во самоизолација по информацијата дека член на неговиот тим со кој патувал во земјите од Западен Балкан бил позитивен на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

Стотици ЛГБТК+ католици на поклонение во Рим

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели за уништување