Утрински Весник
Македонија

Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Скопје. Тој, како што е најавено, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

Вчера во Скопје престојуваше претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лаен.

„Иднината на Северна Македонија ќе биде европска. Европската комисија цврсто стои на оваа определба“, нагласи претседателката на Европска комисија на прес-конференцијата со којашто ја заврши нејзината еднодневна работна посета на нашата земја.

Фон дер Лаен претходно беше во Тирана, каде што се сретна со тамошните власти.

Можете да прочитате

УСЈЕ: Работиме согласно Европската регулатива и сите важечки закони

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат