Католиците и Евреите побараа од американските судови да ја укинат наредбата на гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.
Според таа одредба, присуството на религиозни церемонии е ограничено на 10 лица со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а тие мерката ја нарекоа закана за верските слободи.
Окружниот правобранител на САД Никола Гарауфис рече дека се надева дека пресудата за прелиминарната забрана, со која ќе се укинат ограничувањата на барање на Римокатоличката епархија во Бруклин, ќе биде донесена до петок, пренесува „Ројтерс“.
Во жалба од 33 страници, полна со историски референци за прогонството врз Евреите, три ортодоксни еврејски конгрeгации наведоа дека Куомо ги забранил најмалите заеднички верски служби.
„За Евреите, заедничкото богослужење е основна служба за која илјадници ги жртвуваа своите животи“, се наведува во жалбата.
Во случајот на католиците, бискупот Рејмонд Капето изјави дека во црките се почитуваат мерките на социјално дистанцирање.
Тој додаде дека во неговите 26 парохии нема жаришта и посочи дека неделните миси се задолжителни за католиците и дека е апсолутно од клучно значење тие да присуствуваат на нив лично.
Адвокатите на епархијата оценија дека нема рационална основа за наредбата на Куомо и истакнаа дека жариштата на инфекцијата се појавија во заедниците на ортодоксните Евреи, а не меѓу католиците во Бруклин.
На 6 октомври, Куомо нареди затворање на неесенцијални продавници и ги ограничи собирите во верски објекти на 10 лица во области со голема стапка на инфекција, вклучувајќи и некои населби во Бруклин.