Утрински Весник
Свет
Img 7972

Евреите во Ерусалим се преправаат како муслимани за да се молат во џамија

Евреите во Ерусалим се преправаат како муслимани за да се молат во џамија
300x250 opst2

Екстремно десничарските Евреи во Ерусалим се облекуваат како муслимани за да влезат и да се молат на свето место во џамијата Ал Акса, каде што им е забрането да се молат.

Откако Израел го зазеде и окупираше Источен Ерусалим во 1967 година, остана деликатно статус кво за немуслиманите – Евреите можат да го посетат комплексот, но не смеат таму да се молат, пишува Би-Би-Си.

Екстремно десничарската група на Евреите „Враќање на планината“, предводена од израелскиот еврејски активист Рафаел Морис, се залага за суверенитет на Евреите на Ридот на храмот, кој на муслиманите им е познат како Харам ал-Шариф, објави Би-Би-Си.

Харам ал Шариф е третото најсвето место за Евреите и третото најсвето светилиште во исламот. Тоа е емотивниот епицентар на израелско-палестинскиот конфликт, а тензиите таму ја поттикнаа 11-дневната војна во Газа во мај 2021 година.

Членовите се маскираат како муслимани за да влезат во Ридот на храмот во стариот град Ерусалим, каде што тивко ги читаат еврејските молитви додека се преправаат дека учествуваат во исламското богослужење, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Постојана е загриженоста меѓу безбедносните службеници и тие предупредуваат дека овие акции на групата може да предизвикаат насилство во светото место.

Во 2015 година, групата „Враќање на планината“ им понуди на Евреите 500 долари за да одат и да се молат на Ридот на храмот.

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври