Утрински Весник
Свет

Евакуирани над 4.000 луѓе поради поплавите во Кина

Евакуирани над 4.000 луѓе поради поплавите во Кина

Кинеските служби за итни случаи евакуираа 4.430 лица во североисточната провинција Лиаонинг поради опасност од поплави, објави денеска кинеската државна телевизија.

Според извештајот, обилните дождови предизвикаа нивото на водата во 13 помали резервоари да го надмине критичното ниво, пренесува руската агенција ТАС С.

Обилните дождови предизвикаа одрони на планините, а најмалку еден автопат беше блокиран со уривање.

Властите ги повикуваат локалните жители да не ги посетуваат планинските области.

Најсилните дождови беа регистрирани во префектурата Бенси, каде што за еден ден наврнаа околу 258 мм дожд, што е речиси 2,5 пати повеќе од вообичаеното за оваа сезона.

Метеоролозите предвидуваат дека дождовите ќе продолжат и во наредните два дена.

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза