Утрински Весник
Свет

ДХС ќе собира информации за демонстранти кои се закануваат дека ќе оштетуваат статуи

ДХС ќе собира информации за демонстранти кои се закануваат дека ќе оштетуваат статуи

Американскиот Оддел за внатрешна безбедност (ДХС) ја прошири надлежноста на своите службеници да собираат информации за демонстранти кои се закануваат дека ќе оштетат или уништуваат јавни споменици и статуи, дури и ако тие не се во сопственост на федералната влада, пренесува „Њујорк пост“

Новите насоки му даваат повеќе овластувања на ДХС што се надвор од неговите традиционални овластувања за да ги штити обележјата од терористички напади.

Веста доаѓа откако претседателот Трамп распореди федерални агенти во Портланд и се закани дека ќе ги испрати во другите градови под контрола на демократите – вклучително и Њујорк – ако не се смират протестите. Одобрението е опишано како „работна помош“ за персоналот на ДХС и произлегува од извршната наредба што Трамп ја потпиша минатиот месец за да ги заштити спомениците и статуите од вандализам и уништување.

За време на протестите на национално ниво по убиството на Џорџ Флојд во полицискиот притвор, демонстрантите уништија статуи на лидерите на Конфедерацијата, Колумбо и на други историски личности, соборувајќи ги или чкртајќи ги со спреј. Новите насоки се однесуваат на тековните напори за собирање разузнавачки информации и известување за различни активности во контекст на зголемени закани за споменици, спомен-обележја и статуи.

Документот, во кој имал увид од „Вашингтон пост“, дозволува следење на објавите на социјалните мрежи и други јавни информации во потрага по луѓе или групи што можат да оштетат или уништат јавен споменик, спомен обележје или статуа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“