Утрински Весник
Политички Партии

Дурловски: Овие избори се шанса која не смееме да ја пропуштиме

Дурловски: Овие избори се шанса која не смееме да ја пропуштиме

 

Скопје, 25 јуни 2020 

Носител на изборна единица 5, Игор Дурловски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Вевчани. Од Вевчани, Дурловски посочи дека сите сме Македонци и веруваме во Македонија. Таа верба не може да ја уништи никој, ниту оваа власт.

„Што би правела Македонија без едно Вевчани? Што би правел без вас Вевчанци? Чест и задоволство ми е што сум денес со вас. Секоја година од овде од пркосно Вевчани преку познатиот Вевчански карневал светот се запознава со нашата изворна македонска традиција, која се пренесува од генерација на генерација. И тоа како најскапоцена семејна вредност“, појасни Дурловски.

Дурловски додаде дека Вевчанци директно в лице им ја кажува вистината на сите, упатувајќи една силна порака Македонците се народ кој има обичаи и традиција и кои не изумираат.

„Затоа сум сигурен дека и овојпат Вевчани ќе ја одбере страната на вистината, и ќе ги земе работите во свои раце. Доста беше, оној кој лаже мора да биде поразен од народот. Време е за промени. Ние ќе го носиме товарот на вистината и со тоа, а и со својот авторитет ќе дадеме глас на вистината“, појасни Дурловски.

Дурловски потсети дека три години пред очите на граѓаните се газеше националното достоинство, се редефинираше идентитетот, ја понижија Република Македонија. Поради оваа власт се е предмет на пазар и ништо не е сигурно.

„Овие избори се шанса која не смееме да ја пропуштиме, ова е шанса за нас и за нашите семејства. Ние сме Македонци и веруваме во оваа земја Македонија. Таа верба не можат да ја уништат група на лакоми политичари, кои лесно можат да бидат победени. Да им докажеме заедно дека нема да дозволиме да не потценат и прелажат . Да им докажеме дека сме подобри и помудри од нив“, порача Дурловски од Вевчани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт