Утрински Весник
Македонија

Дука: Дебар има лекари и друг медицински кадар, но во иднина ќе има потреба од дополнителен број

Дука: Граѓаните и службите ги почитуваат препораките, да не се создава паника и страв

Дебар,17 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи со Оперативниот штаб, на денешната редовна средба со новинарите демантираше дел од медиумите кои денеска објавиле вест дека во Дебар нема доволен број лекари.

-Не сум кажал дека немаме лекари и друг средномедицински персонал,туку дека имаме и тие се на првата линија на фронот. Но, велам дека во иднина тие не се доволни и оти бараме од Владата следните денови да упати лекари, пред се епидемиолози и инфектолози, како и медицински техничари, рече Дука.

Состојбата на безбедносен план ја оцени како добра, додавајќи дека не се забележани проблеми.

– Состојбата продолжува да биде сериозна бидејќи вчера потврдени се нови четири лица со коронавирус. Дел од пациентите со дијагностициран коронавирус добиваат лекарска помош дома. Медицинска екипа од епидемиолог и инфектолог постојано се на терен, а денеска се во Центар Жупа во откривање на евентални заразени од коронавирус, истакна Дука.

Информираше дека нормално се одвива снабдувањето со прехрамбени и други производи и медикаменти и оти преку Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ секој дом во градот ќе добие најлонски вреќи за отпад.

Побара од граѓаните да продолжат со почитување на препораките на надлежните и да не излегуваат со своите деца на прошетки, посебно кај Дебарското Езеро и во паркот во населбата „Венец еден“.

Во општините Дебар и Центар Жупа има 20 заразени од коронаврус, од нив двајца во Центар Жупа. Тоа се сопружниците, на кои неколку дена по пристигнувањето од Италија им беше дијагностициран вирусот. вт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност