Утрински Весник
Македонија

Дука: Во Дебар пристигнаа лекари и заштитна опрема

Дука: Во Дебар пристигнаа лекари и заштитна опрема

Дебар, 20 март 2020 (МИА) – На денешната редовна средба со новинарите, дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб, информираше дека во Општата болница во Дебар веќе се зајакнати медицинските екипи со лекари, а пристигната е одредена количина и заштитна опрема.

-Медицинскиот персонал е зајакнат со двајца лекари педијатри и инфектолог, како и двајца специјализанти по пулмологија. Пристигнати се и заштитни средства така што засега тоа е решено и е доволно, рече Дука.

Информираше дека вчера се регистриран нови три случаи.

– Од вкупната бројка заразени со коронавирус на ниво на држава од Дебар и Центар Жупа се 30 лица. Во домашна изолација се 107 лица, што не значи дека се заразени, туку меѓу нив се и лица кои имале контакт со лица кај кои е потврден вирусот, што јасно зборува дека ситуацијата се влошува, оцени Дука.

Додаде дека хигиената во градот е одлична, благодарение на ЈКП „Стандард“ и вработните на Територијалната противпожарна единица.

-Извршена е дезинфекција на околу 95 отсто од градот, повеќе селски населби, потоа 25 колективни стамбени згради, верски објекти. Најавено е доаѓање на две специјализрани екипи за дезинфекција кои ќе бидат во нашиот град и ќе бидат голема помош на „Стандард“ и ТППЕ, информираше Дука.

Посочи дека од разни институции веќе пристигнала, но најавено е и дека ќе пристигнува уште хуманитарна помош.

– При распределбата на помошта се појавува еден проблем, а тоа е доаѓањето на лица во поголеми групи од пет лица, се создава гужба, што не е во согласност со препораките. Поради тоа претставници на хуманитарните организации ќе се договорат за начинот на распределба на помошта, рече тој.

Упати апел до граѓаните да не доаѓаат попусто каде што се распределува хуманитарна помош и да не создаваат гужва, туку да доаѓаат само оние кои ќе бидат известени по телефон.

Од домаќинствата и правните субјекти побара да ги плаќаат сметките за потрошена вода и подигнат смет, за како што рече, да може плата да добијат и вработените во „Стандард“ кои се максимално ангажирани во оваа ситуација.

-По решавањето на проблемот со откупот на млеко, решен е проблемот со транспорт на производите на фабриката за амбалажирање вода за пиење „Маја“ и фирмата „Дигипс“, информираше Дука.

Нагласувајќи дека редовните активности продолжуваат го повтори апелот до граѓаните да не излегуваат од своите домови без неопходна потреба. вт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист