Утрински Весник
Македонија

Дука: Власта поекспедитивно да обезбеди заштини средства за здравствениот кадар во Дебар

Дука: Власта поекспедитивно да обезбеди заштини средства за здравствениот кадар во Дебар

Дебар, 19 март 2020 (МИА) – Централната власт да обезбеди заштини средства за здравствениот кадар во Дебар, апелира градоначалникот Хекуран Дука.

Тој денеска на средба со новинарите повтори дека вчера се тестирани 19 лица од кои тројца се позитивни на коронавирус.

-Имам информации дека тројцата се здравстени работници. Затоа оценуваме дека здравствените рабоници не се доволно заштитени како што треба. Бараме централната власт да биде поекспедитвна во нашите барања, посебно за заштитни средства, бидејќи сегашните се импровизирани, а не адекватни. -Упатувам апел до Владата да биде поекспедитивна во реализација на нашите барања , бидејќи за нас во Дебар значајни се часови и минути а не денови,порача Дука на крајот од прес конференцијата, рече Дука.

Претходно коронавирусот беше потврден кај двајца лекари и две медицински сестри од приватната педијатриска амбуланта „Педијатрија-Д“. Двајцата матични педијатри дежураа и во итната служба на Општата болница.

Според Дука, 77 лица се во домашна изолација и редовно се конторлираат од страна на припадниците на МВР дали ја почитуваат препораката за самоизолација.

-Со наши максималните залагања, барања, постојани контакти со централната власт проблемот со движењето на фирмите и откупот на млеко во Дебар е надминат. Се очекува да биде надминат и проблемот со македонските државјани кои остана заглавени во Дебар за што одлука треба да донесе Владата на седницата што треба да ја оджи денеска, изјави Дука.

На контролните пунктови, дополни, пропуштени се 47 возила со прехранбени артикли и медикаменти. Нема никаков поблем во снабдувањето на градот. Посочи и дека продолжува дезнифекцијата на јавните површини, објекти и улици од страна на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ во што на припомош се и вработените на Територијалната противпожарна единица.

Дука се заблагодари на сите хуманитарни организации, фирми и поединци кои понудиле помош и уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почтуваат препораките на надлежните.. вт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери

Запалено возило во Бардовци

Подгответе се: Не очекува нова дестабилизација и промена на времето