Kандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, во паркот Чаир оствари средба со младите каде ги откри младинските политики и заложби
за првите 100 дена како премиер.
„Јас сум тука за вас младите, а клучниот дел од мојата програма претставена за првите 100 дена е зајакнување на економијата и создавање
можности за вас, и ова го испланирав преку серија мерки. Првично, ќе го намалиме на нула персоналниот данок за три години за секој кој за прв
пат се вработува под 35-годишна возраст “, истакна Зибери.
Додаде дека Владата, исто така, ќе субвенционира 50 отсто од социјалните придонеси во наредните три години за секое ново работно место, што ќе ја подобри нејзината правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватни претпријатија.
„На овој начин, албанската младина ќе има повеќе можности за работа во земјата, повеќе можности за попросперитетна иднина, како и можности да се чувствуваат професионално реализирани овде во земјата“, рече Зибери.
Инвестирајте во вашите студии, вели тој, затоа што со започнувањето на преговорите со ЕУ, ќе имате многу можности да придонесете во многу
различни области, а во блиска иднина, како земја-членка на Европската Унија, ќе имате пристап до позиции на кои се носат одлуки. Не само во
нашата земја, туку и во круговите каде се носат одлуки на Европската Комисија.
„Она што нашата генерација мораше да го постигне преку војна, вие можете едноставно да го постигнете преку вашиот глас на 15 јули “, истакна Зибери.
Меѓу заложбите кои се преземаат за младите луѓе, Зибери ја истакна важноста за отворање стручни училишта во секоја општина и создавање Фонд
за унапредување на знаењето, поддршка за иновации и деловни вештини кај младите.
Текстот ДУИ: Три години нула данок за секој кој за прв пат се вработува на возраст под 35 години е превземен од МАКФАКС.