Утрински Весник
Политички Партии

ДУИ: Скандалозно, Села и Алијансата вршат јавен притисок врз судството

ДУИ: Скандалозно, Села и Алијансата вршат јавен притисок врз судството

Демократската унија за интеграција оценува дека денешната прес-конференција на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, е јавен притисок врз целиот правосуден систем и вработените во овој сектор.

Од владејачката партија велат дека денешното појавување пред медиумите е скандалозно, неприфатливо, досега невидено и претставува грубо и директно мешање во правосудниот систем и независноста на судството.

„Суровото мешање во судовите и обвинителството зборува за менталитетот на сојузникот на Левица и Апасиев и го открива вистинското лице на една нереформирана структура. Поделбата на власта во државата функционира како уставно начело и исто продолжува да функционира професионално, сите кои го прекршуваат законот одговараат пред правосудниот систем и сите последни и отворени предмети јасно покажуваат дека во земјата функционира законот кој е еднаков за сите и никој не е недопирлив пред него“, велат од ДУИ.

Демократската унија за интеграција додава дека е единствената партија која го иницираше ветингот во сите нивоа на власт, вклучително и во правосудниот систем, за да има чисти и достоинствени личности кои ќе си ја вршат работата на најдобар можен начин.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт