Скопје, 31 март 2020
Ние продолжуваме силно да го поддржуваме правилното владеење на правото,
и за да стигнеме до европска правда, треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки кои се основаат на нарачки а не на закон.
Неселективната правда се постигнува преку целосен Ветинг на обвинителите, судиите и политичарите.
На кревката доверба на институциите на правдата во очите на граѓаните како последица на постојаните политички влијанија, потфрлувањето на специјалното обвинителство, рекетот и алчноста, Боки 13, Сваровски и Луи Витон мотивите треба да и се стави крај.
Една земја членка на НАТО и во процес на преговори за членство во Европската Унија треба да се грижи за интегритетот на институциите, правната предвидливост и некорумпирана правда.
ДУИ го подржува Ветингот за сите и нема да го коментира денешниот случај се до завршување на постапките во највисоките инстанци.
Демократска унија за интеграција
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.