Утрински Весник
Спорт

Дуелот на двете најуспешни европски екипи без голови – Бејл утна пенал за Реал!

Дуелот на двете најуспешни европски екипи без голови – Бејл утна пенал за Реал!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Реал Мадрид и Милан, двете екипи со најмногу европски титули во својата историја (13 за Реал, 7 за Милан), одиграа интересен пријателски меч на „Вертерзе“ стадионот во Клагенфурт, Австрија, во меч во кој недостасуваа само голови.

„Кралевите“ имаат повеќе причини да жалат, бидејќи имаа далеку повеќе удари на голот на противникот (16-5), иако и Милан во финишот се „разигра“ и беше поконкретен пред голот на „кралевите“.

Сепак, најголемата шанса ја имаше повратникот во составот на Реал, Герет Бејл (овојпат со бројот 50. на грбот), кога во 41. минута од мечот утна пенал, за кој самиот се избори. Неговиот удар заврши во рацете на новиот голман на „росонерите“, Французинот Мајк Мањан.

> Дуелот на двете најуспешни европски екипи без голови – Бејл утна пенал за Реал! <

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025