Утрински Весник
Спорт

Дуелот Евертон-Сити одложен – пет нови позитивни случаи кај Манчестер сити!

Дуелот Евертон-Сити одложен – пет нови позитивни случаи кај Манчестер сити!

Дуелот на Манчестер сити против Евертон, кој требаше да се оддржи вечерва е одложен откако пет члена на тимот на Пеп Гвардиола имаа позитивни тестови на корона вирусот.

Веста доаѓа откако пред Божиќ, Кајл Вокер, Габриел Жесус и двајца членови на тимот на Сити беа позитивни и го пропуштија мечот со Њукасл, но сега вирусот се раширил во „меурот“ на Сити, што значи дека пресметката на „Гудисон парк“ нема да се оддржи, а неизвесно е дали ќе се игра ио против Челси во недела.

„Евертон-Манчестер сити е одложен по состанокот на бордот на Премиер лигата. Манчестер сити побараа да се презакаже мечот по зголемувањето на случаи на КОВИД-19 во клубот, покрај тие кои беа објавени на Божиќ“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

Мечот меѓу Сити, кои полека се качуваат на табелата и Евертон, кои се втори зад Ливерпул требаше да биде вистинско шоу и тест на двата тима во борбата за титулата.

> Дуелот Евертон-Сити одложен – пет нови позитивни случаи кај Манчестер сити! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нотингем Форест казнет со огромна парична казна поради ВАР

Македонија до 21 ја победи Молдавија во квалификациите за ЕП 2025 година

Македонската фудбалска селекција пристигна во Ереван