Утрински Весник
Свет

Дугин се збогува со ќерката: Дарија умре за народот, за Русија, во име на победата

Роднините, пријателите и граѓани се збогуваат со новинарката Дарија Дугина, ќерка на познатиот руски филозоф Александар Дугин. Тој им се обрати на насобраните:

dobivaj vesti na viber

„Нејзината мајка и јас ја советувавме да стане филозоф, а таа стана. Низ искушенија, таа стана подобра од нас. Во нашето семејство отсекогаш важело правилото: мора да станеш подобар, да напредуваш, да бидеш похрабар. Дарија „умре за народот, за Русија, во име на победата“ – рече тој.

За време на последниот разговор со неговата ќерка, откри дека таа му рекла: „Тато, се чувствувам како хероина и воин, сакам да бидам на страната на светлината“.

Дугина беше убиена на 20 август на автопатот Можај во московскиот регион како последица од експлозија на поставена бомба.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка Дарија Дугина стојат украински специјални служби.

Сторителот е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро