Хрватскиот ракометен репрезентативец, Домагој Дувњак од 2007 година е во репрезентацијата и досега со „коцкастите“ освоил 5 европски две светски и еден олимписки медал, но секогаш сребрени или бронзени. Освои бројни трофеи, меѓу кои и две титули во ЛШ. Сепак тој вели дека сите тие медали би ги менувал за злато со селекцијата на Хрватска.
„Сите свои медали би ги дал да освојам злато со Хрватска. Ако тоа не се случи, светот нема да пропадне, но јас ќе се потрудам да се случи. Колку и да сум во репрезентацијата, толку ќе копнеам по тоа злато“ вели 32-годишниот Дувњак за емисија за Хрватската ракометна федерација.
Таму зборуваше и за тоа како го разбира ракометот.
„Се уште мислам дека ракометот е само игра и уживам на теренот. Се обидувам да дадам се од себе, така сум одгледан, не е ракометот поединечен спорт, се мора да функционира за да има резултати. Засега ни оди добро во селекцијата, ама недостасува златото“ вели играчот на европскиот шампион Кил.
> Дувњак: Сите свои медали би ги дал само да освојам злато со Хрватска! <