Утрински Весник
Македонија

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Државниот санитарен и здравствен инспекторат во овој период има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот и додека беше во функција во оние општини меѓуградскиот автобуски сообраќај, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашање за инспекцискиот надзор во јавниот сообраќај во Скопје.

ДСЗИ, посочи Сотирова Бухова, има ингеренции да контролира колку пати и кој врши дезинфекција на автобусите, комбињата и такси службите.

Одговарајќи на новинарско прашање како се заразиле полицајците во Охрид, Сотирова Бухова, рече дека епидемиолошката анкета се уште е во тек и кога ќе заврши во целост ќе имаме поконкретни информации од каде и кога почнала инфекцијата.

– Имаме седум позитивни од споменатите лица и 39 контакти, плус се уште се вршат епидемиолошки анкети за контактите на овие лица во Скопје. Во однос на прашањето како, кој е нултиот меѓу нив, ќе покаже епидемиолошката анкета, изјави Сотирова Бухова.

Прашана за тоа што ќе преземе инспекторатот за наездата на лебарки во време на епидемија, Иринка Сотирова Бухова, рече дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат оваа контрола ја врши исклучиво во објекти под нивна надлежност, како сите јавни и приватни здравствени установи, школи, градинки, рекреативни центи и објеки од услужни дејности.

– Во објектите во кои вршиме инспекциски надзор, па и во однос на дезинфекција, дезинсекција и дератизација апсолутно се почитува законски пропишаниот рок, еднаш во шест месеци од институција која е со сертификат. Во овој период на ковид состојба дезинфекција и дезинсекција се врши по алгоритам и протоколи воспоставени од Комисијата за заразни болести, односно на дневна основа, изјави Сотирова Бухова. аа/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор