Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани, потврди за МИА директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова.
Сотирова Бухова кажа дека надзорот трае и дека засега нема што да соопшти.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вчера соопшти дека е позитивен на коронавирусот, како и повеќе членови на општинскиот кризен штаб. Ден претходно во средба со него и со членовите на општинскиот кризен штаб имаа премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а Максимовски потоа имаше и изјава за медиумите. По објавувањето на оваа информација Спасовски, филипче, Османи, како и други ченови на владината делагација, но и новинари и сниматели се во самоизолација.
Во Куманово бројот на заболени од коронавирусот до денеска е 310, а починаа над десетмина. ев/аа/