Утрински Весник
Магазин

Дру Баримур ја извисил човек со кој контактирала преку апликација за запознавање познати личности

„Чарлиевиот ангел“ Дру Баримур и еден писател на комедии ја користеле апликацијата за запознавање со селебрити-личности и се договориле да се сретнат, но тој не се појавил на средбата.

45-годишната холивудска актерка, која, наводно, е сингл, откри дека имала непријатно искуство додека се обидувала да запознае некој преку неименувана апликација, и дека човекот, за кого рече дека е писател на комедии, не се појавил на датумот што го планирале.

Во разговор со Ники Глејзер во нејзиното „Дру Баримор шоу“, таа објасни: “Конечно, договорив состанок со едно момче. Тој ме извиси и не дојде во времето кога требаше да се сретнеме. И јас си помислив: Како можеше да биде кретен и да не откаже барем еден час претходно? Тоа ќе беше заштеда на време.

„Се чувствував толку глупаво.“

“Постојат големи мажи, таканаречени моќници, и јас секако, не сакав да излезам со некој таков.Никогаш не сум го направила тоа! Писател на комедии, тоа ми звучеше забавно”.

И кога Ники се обиде да направи да се чувствува подобро сугерирајќи дека потенцијалниот додворувач наверојатно се заплашил од неа во последен миг, Дру инсистираше на тоа дека тој е некултурен.

Дру не откри за која апликација станува збор, но таблоидите коментираат дека дека нов хит е славните да бараат љубов преку елитни или заштитени апликации, што значи дека ако не сте славна личност, не можете да контактирате преку неа, па дури ни да прегледувате профили.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста