Тетово, 10 јуни 2020 (МИА) – Демократска партија на Албанците (ДПА) на прес-конференција презентираше предлози и мерки за заживување на економскиот и социјалниот живот на граѓаните. Дритон Ибиши во Комисијата за економија и финансии образложи дека нивните предлог мерки се базирани врз мотото „Помалку пари за владата и повеќе пари за бизнисите и граѓаните“.
-Предлагаме финансиска помош од 100ЕУР за секое лице над 18 години, простување на казни изречени за време на вонредна состојба и за сметки што граѓаните не успеале да ги вратат во текот на пандемискиот период, простувањето на јавните долгови, за граѓаните од социјална категорија, како што се сметки, казни, општински даноци и други даноци. На сите работници погодени од вирусот и на оние кои се во изолација треба да им се исплати платата во висина од 100 отсто, а не во висина од 50 отсто од просечната плата, што се однесува на просечната плата од претходната година, истакна Ибиши.
ДПА бара од Владата да се дадат грантови од 3.000 до 80.000 евра за компании на кои итно им е потребна ликвидност.
-Исто така Владата им гарантира на банките заеми за фирми (вредност 500 милиони евра), субвенционирање на јавни заеми на фирми преку Банката за развој. Владата мора да обезбеди заеми без камата преку Банката за развој за поддршка на фирмите за обезбедување на привремено финансирање за нивниот обрт. Вредноста на оваа мерка ДПА предлага да биде околу 100 милиони евра и истата да се дистрибуира пропорционално и фер според критериумите на статистичките области во земјата, рече Ибиши.
Тој доде дека се потребни и краткорочни заеми за извоз. За финансирање на мерки ДПА бара редефинирање на буџетот. ас/ац/