Утрински Весник
Свет

Државјанка на Србија убиена во Швајцарија, нејзиното дете сместено во дом

Швајцарија ја става економијата на прво место, властите сакаат да избегнат нова блокада

Во швајцарскиот град Винтертур денеска е убиена 32-годишна жена, државјанка на Србија, а се претпоставува дека ја убил 76-годишен човек, исто така државјанин на Србија, пренесуваат тамошните власти.

Како што пренесува сајтот polizei-schweiz.ch, нешто попладне, полицијата добила порака дека во станбена зграда има мртво женско тело.

На местото на убиството веднаш пристигнала полицијата и спасувачки служби, кои во станот ја пронашле Србинката, која имала прострелни рани и не давала знаци на живот.

Во станот бил затекнат осомничен маж, кој веднаш бил уапсен, а 2-годишното дете на несреќната жена е сместено во дом за деца.

Се уште не се знае причината за убиството, а јавниот обвинител во Цирих отвори истрага во соработка со полицијата на тој град.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење