Утрински Весник
Македонија

Државјаните на Русија на 1 јули ќе може да гласаат за измени на Уставот во Руската амбасада

Државјаните на Русија на 1 јули ќе може да гласаат за измени на Уставот во Руската амбасада
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Руските државјани во земјава на 1 јули ќе можат да гласаат за измени на Уставот на Руската Федерација во просториите на Амбасадата на Русија во Северна Македонија.

– На 1 јули 2020 година од 08:00 до 20:00 часот во просториите на Амбасадата на Руската Федерација (ул. Пиринска бр. 44) ќе се одржи гласање за измени во Уставот на Руската Федерација во кое ќе учествуваат државјаните на Русија кои постојано или привремено престојуваат во Република Северна Македонија, соопшти руската Амбасада.

Од денеска во Русија почнува да се гласа на референдум за уставните измени. Гласањето требаше да се одржи пред повеќе од еден месец, но беше откажано поради пандемијата на коронавирусот. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово

Митева: Се уште нема информации за македонскиот државјанин кој исчезна по несреќата во Кран Монтана

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026