Утрински Весник
Македонија

Државјанин на Грција почина во сообраќајна несреќа кај Прилеп

Државјанин на Грција почина во сообраќајна несреќа кај Прилеп

Шеесет и деветгодишен државјанин на Грција почина по сообраќајна несреќа што се случи на патот Прилеп-Градско, во близина на селото Тројаци.

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила вчера околу пладне, кога возилото на А.Л. излетало од патот.

По незгодата, тој бил пренесен во Здравствен дом „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трагедија во Гостивар – 18 годишно момче починато донесено во билница

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД