Утрински Весник
Македонија

Државниот пат Битола-Прилеп кај ТИРЗ-Прилеп пуштен во сообраќај

Државниот пат Битола-Прилеп кај ТИРЗ-Прилеп пуштен во сообраќај

Битола, 21 април 2020 (МИА) – Заврши изградбата на сообраќајна клучка со надвозник на државниот пат Битола-Прилеп која се наоѓа во непосредна близина на технолошко-индустриската развојна зона-Прилеп.

Со завршување на градежните работи пуштен е во сообраќај магистралниот пат А-3, Битола-Прилеп во двете насоки, кој како што е познато изминатиов период беше затворен и пренасочуван по стариот пат,  релација во атарот на селата Алинци и Лагово, што се наоѓа меѓу двете пелагониски општини.

Со изградбата на патен јазол на две нивоа, зголемена е безбедноста во сообраќајот, непречено вклучување и исклучување технолошко-индустриската зона, како и непречен сообраќај на магистралниот пат А-3 во непосредна близина на селото Алинци. мт/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНТ со наградуваната претстава „Народен Пратеник“ гостува во Велес и Пожаревац

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик