Утрински Весник
Економија

Државниот пазарен инспекторат не врши контрола на продажбата на маски преку Фејсбук

Пазарниот инспекторат затвори преку 17 објекти кои не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Државниот пазарен инспекторат може да врши контрола на онлајн продажбата само ако е во прашање правно лице, но не и за физичко лица кое нуди производи на социјалната мрежа Фејсбук.

-Ние можеме да вршиме контрола на онлајн продажбата само ако е во прашање правно лице, со седиште, каде може да се контролира цената на маските. Но, за жал, за продажбата преку Фејсбук не можеме да вршиме контрола, бидејќи таму можат да се јават и физички лица, кои можат да нудат маски, ракавици и други заштитни средства. Што значи, сите оние кои купуваат преку „Фејсбук“ купуваат на сопствен ризик, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Маски во државата има доволно и во аптеките, а сега има и домашно производство. Од квалитетот на маските зависи и цената, која се движи од пет до 95 денари. Има хируршки маски, памучни и во зависност од што материјал се произведени, таква е и цената.

-Има доволно маски. Само треба да има волја за носење и да ги заштитуваме луѓето околу нас, вели Пауновски.

Врз основа на пријави за зголемување на цената на маските, Државниот пазарен инспекторат извршил 64 контроли на аптеки.

-Само во два три случаи имаме постапено со мерки. Во останатите аптеки се соочувавме цената на маските, на пример на 11 март да биде истата. Меѓутоа, има различни производи. Секој нов производ доаѓа со различна цена, но ние тука не сме моќни ништо да направиме, да спречиме покачување на цените на истите маски. Има памучни, хируршки маски. Какви се маските таква е и цената, истакна Пауновски.ир/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст