Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Државниот карантин се заменува со домашна самоизолација со направен ПЦР тест

Владата донесе повеќе уредби со законска сила на вчерашната 52-ра седница
Img 7972

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Доколку лицата вратени од странство со хуманитарни летови или конвои во последените 72 часа пред да влезат на територија на Република Северна Македонија, имаат направено ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19, наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Како што соопшти владината прес-служба ова е предвидено со изменета и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои донесени на денешната седница на Владата.

-Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, соопштија од Владата на РСМ. оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров