Утрински Весник
Македонија

Државниот инспекторат за животна средина детектирал 363 законски повреди

Државниот инспекторат за животна средина детектирал 363 законски повреди

Во периодот јануари-јуни 2021 година, реализирани се 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 инспекциски надзори, или остварено е 30% повеќе од планираното. Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе од 2020, односно забележан е раст од 20%, соопшти денеска Државниот инспекторат за животна средина.

Притоа како што велат од таму биле утврдени 363 неправилности/законски повреди, за кои се издадени Решенија за нивно отклонување.

„За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности, или во 2021 година е забележано зголемување од 203%. Покренати се 43 прекршочни постапки, од кои 36 санкции се глоба-платен налог, а исто така покренати се 2 (две) кривични постапки. Во шест-месечниот извештај за 2020 година не се воопшто презентирани преземените казнени мерки и затоа не направивме споредба“, посочуваат од инспекторатот.

Додаваат дека во 2021 година во споредба со 2020 година бил зголемен и бројот на вонредни (220 наспроти 126, или 75%) и контролни надзори (171 наспроти 71, или 138%), и покрај тоа што во овој период, како што напоменуваат, тројца од вкупно 19 инспектори не вршеле надзори (еден инспектор е на неплатено отсуство, од април еден инспектор е суспендиран заради сомнеж за поткуп и еден инспектор од 6 месеци 5 месеци бил на боледување). Во првото полугодие во 2021 година реализирани се 741 наспроти 749 редовни надзори од истиот период во 2020 година, што е намалување од 8 надзори, или 1%. Ова се должи на намалениот број активни инспектори на терен.

„Ефикасноста на Државниот инспекторат за животна средина е видливо зголемена во изминатиот период. Одлучни сме да им застанеме на патот на оние кои се обидуваат да ја загадат природата. И покрај предизвиците со кој се соочува Инспекторатот – продолжуваме со зголемени напори за поголема казнивост на загадувачите“, потенцираат од Инспекторатот за животна средина.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите