Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Државниот врв на божикен прием кај г.г. Стефан

Државниот врв на божикен прием кај г.г. Стефан
Img 7972

Државниот врв, односно претседателот, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, денеска присуствува на приемот што редовно се приредува по повод божикните празници и неговиот именден.

Во соопштението се наведува дека присутните заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и желба за уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница, посакале да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија.

Исто така се нагласува дека приемот се одвивал под строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 и затоа бил без присуство на медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полициска потера на патот Скопје – Велес: Испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Се докажа дека Зоран Заев ги влече конците во СДСМ, а Венко Филипче е само статист, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче од Центар: нема да влегувам во калта, ќе го разобличувам Мицкоски