Утрински Весник
Македонија

Државна матура ќе полагаат 15.294 матуранти

Државна матура ќе полагаат 15.294 матуранти

За државна матура годинава се пријавиле 15.294 матуранти, од кои 7.050 од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.

Согласно Концепцијата за матура, учениците екстерно полагаат 2 предмети, 2 интерно и проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 5 јуни ќе се полага задолжителниот предмет. Македонски јазик и литература ќе полагаат 10848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 турски јазик и литература.

На 11 јуни ќе се полага англиски јазик, германски јазик, француски јази, руски јазик, математика, естетика и филозофија. Англиски јазик пријавени се да полагаат 13452 матуранти, германски јазик 140, француски јазик 32, руски јазик 18, математика 1529, филозофија 14 и естетика 66 матурани.

На македонски наставен јазик се пријавени да полагаат вкупно 10886 матурани, на албански наставен јазик 4134 и на турски наставен јазик 274.

Дополнителните термините за полагање на матурантите кои на денот кога се реализираат екстерните испити од државната матура се болни од ковид или се во самоизолација се:

25 јуни– македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;

28 јуни – математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.

Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.

Почетокот на испитите е во 10 часот.

Сите испити ќе се реализираат согласно Протокол за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и околу 2000 наставници како тестатори и околу 300 набљудувачи.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот екстерен испит.

Можете да прочитате

Државата заштедува: Помалку апетисани за 30% изеле во Владата

Од полоќ намалување на цените на дел од горивата

„Минатата влада ништо не направи, но ние ќе го завршиме автопатот Кичево – Охрид“, рече Мицкоски