Претседателот на собранието на државата Њујорк, Карл Хисти, потврди дека му дозволил на парламентарниот одбор за правни прашања да покрене истрага за отповикување на гувернерот Ендрју Куомо поради обвинувањата на шест жени за сексуално вознемирување.
Државниот комитет за правни работи во Њујорк, кој ќе ја спроведува истрагата паралелно со државното обвинителство во Њујорк, ќе може да сослуша сведоци, да бара докази и да ја процени валидноста на доказите, рече Хисти, потврдувајќи дека обвинувањата против Куомо биле многу сериозни, известува „Ројтерс“.
Гувернерот Ендрју Куомо (63) ги негираше сите обвинувања од неговите поранешни соработнички, но њујоршките политичари, вклучително и колегите на Куомо од Демократската партија, сè повеќе бараат гувернерот да си поднесе оставка.