Утрински Весник
Спорт

Дрејмонд Грин: Двата најголеми тима во историјата беа поставени на лоши договори

Дрејмонд Грин: Двата најголеми тима во историјата беа поставени на лоши договори

Сан Франциско, 21 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин говореше за врската помеѓу Чикаго Булс од 90-тите и тимот од Калифорнија во изминатата деценија.

– Двете најголеми тима во историјата се изградени на лоши договори. Во сезоната 1997/98 година, Скоти Пипен заработи 2,8 милиони долари, со својата плата беше на 122-то место во лигата. Лидерот на Голден Стејт, Стеф Кари од 2013 до 2017 година доби 11 милиони по сезона, истакна Грин.

Чикаго предводен од Мајкл Џордан доминираше во последната деценија од минатиот век, додека Голден Стејт со Кари во составот освојуваше титули и играше финалиња во НБА лигата минатата декада. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо