Утрински Весник
Спорт

Дренте покажа дека има големо срце

Иако можеби пропушти да направи голема фудбалска кариера, банкротираше и направи многу сомнителни избори во својот живот, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ројстон Дренте овојпат ја покажа и својата најдобра страна.

33-годишниот Холанѓанец, кој неодамна потпиша за шпанскиот третолигаш Расинг Мурсија каде што веднаш беше на критиките поради вишокот килограми, тој покажа дека знае да прави добри дела. Дренте објасни дека видел бездомник во супермаркет кој немал доволно пари да си купи храна, а откако му понудил пари, вработените во супермаркетот го одбиле тоа, за на крај тој да му купи јадење.

„Ништо пријателу, ова е за тебе. Го купив и не сакам ништо назад, нема потреба. Дали си за Мурсија?“, вели Дренте во .то.

Подоцна тој објасни дека човекот во себе имал само 20 центи, па тој решил да му помогне.

View this post on Instagram

A post shared by Royston Ricky Drenthe (@roya2faces)

> Дренте покажа дека има големо срце <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари