Утрински Весник
Спорт

Драфтот во НБА 2020 ќе биде одложен за јули или август

Драфтот во НБА 2020 ќе биде одложен за јули или август

Вашингтон, 18 март 2020 (МИА) – Сè уште нема официјално соопштение, но неколку извори во НБА лигата очекуваат драфтот за 2020 година да биде презакажан за јули или август, објави инсајдерот Адам Загорија.

Минатата среда, НБА ја прекина сезоната по откривањето на коронавирусот кај кошаркарот на Јута, Руди Гобер.

Сопствениците и менаџерите на клубовите очекуваат сезоната да продолжи кон средината или крајот на јуни.

По Гобеер, уште десетина играчи од најсилната светска кошаркарска лига станаа позитивни на вирусот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл