Велес, 15 мај 2020 (МИА) – Во Службата за трансфузиона медицина во Велес, а која е лоциран во кругот на велешката Општа болница, но работи и е во склоп на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, од почетокот на месецов до денеска-средината на мај има 89 крводарувања.
Во април имало најмалку годинава или за цел месец само 58, а во март биле 184, а од кои најголем дел биле од првата половина пред прогласување на вонредната состојба со Ковид. За споредба во февруари биле 282, а во јануари 285 крводарувања. Од почетокот на годинава досега се вкупно 902, а во изминатите години во овој период, бројката биле по 1200-1300 крводарувања па и повеќе, информираат за МИА од Службата за трансфузиона медицина.
Оттаму информираат дека денеска бројот на крводарители бил 13, за разлика од април кога биле по едвај двајца- тројца и кои воглавно дарувале крв по потреба за близок од семејството.
– Но, денешниот поволен дневен биланс од 13 крводарители или седум осум во изминативе денови од мај, иако е многу повеќе дневно од месеците април и март, но сепак за жал не значи дека се враќаат поголем дел од нашите крводарители, велат од Службата за трансфузиона медицина.
Тоа потенцираат дека така е од почетокот на вонредната состојба со Ковид-19, кога и дека најголем дел од крводарителите даруваат крв само за итна потреба од крв на свој близок од семејството.
Тие Службата потенцираат дека нема потреба за плашење на крводарителите бидејќи тие строго се придржувваат на сите превентивни мерки на заштита и на крводарителите и на медицинските лица, а согласно препораките од Министерството за здравство.
– Благодарни сме на бројните велешки крводарители и нивната хуманост за даруваната крв и очекуваме деновиве се постепено намалување на Води-19 состојбата во земјава и повторно враќање на нашите редовни велешки крводарители. Да потсетиме дека тие во 2019 и 2018 и многу години наназад се на прво место на хуманост во земјава, посочуваат од Станицата за трансфузија во Велес.
Поради вонредната состојба во државата и многу ниско ниво на залихи со крвни единициво сите градови Општинскиот Црвениот крст од Велес во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина од Скопје, со поддршка од Општина Велес и Народниот музеј на 21 мај ќе организираат втора Вонредна крводарителска акција од 9 до 14 часот во фоајето на Ликовниот салон во Велес.
– Ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да учествуваат на истата да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението.
Со цел да се придржуваме на мерките за безбедност на јавното здравје сите кои сакаат да донираат најдобро е да се јават на тел.бр. 076/368-066 за да добијат термин кога да дојдат на крводарување со што би се избегнало чекање и конткти со останати граѓани, информира Орце Николов секретар на ООЦК Велес.
Тој посочува дека и на оваа втора Вонредна крводарителската акција како и во првата Вонредна годинава, ќе се применуваат сите стандарди и процедури за безбедност согласно состојбата во која се наоѓаме.
Инаку во првата вонредна акција за доброволно дарување во Велес која се одржа точно пред еден месец на 15 април, имаше одлучен одзив на велешките крводарители и беа собрани 63 крвни единици. ад/оџ/